Охриѓанецот Владимир четкар оваа
Сабота (29 Мај) на полноќ, ќе настапи во Блу Ноут (Blue Note),
најпознатиот џез клуб во светот. За Четкар, кој е првиот Македонец што
настапил на познатата сцена саботниот ќе биде трет настап во Блу Ноут.(
http://www.bluenote.net/newyork/schedule/moreinfo.cgi?id=7931 )

Следниот ден во Блу Ноут ќе настапи и легендарниот Амерички пианист Ахмад Џамал.

Покрај
овој концерт, деновиве Владимир Четкар доби понуди да настапи и во
еминентниот њујоршки центар на уметности во Бруклин, BAM (Brooklyn
Academy of Music) како и во Иридиум ( Iridium ), кој исто како Блуе
Ноут е еден од водечките џез клубови во Америка и во светот.Иридиум кој
се наоѓа на  Бродвеј (Broadway) во Менхетен, покрај секојдневните
гостувања на светската џез елита е карактеристичен по настапите на
легендарниот Les Paul – еден од главните иноватори на ‘Solid body’
електричната гитара,  кој од 1994 па се до неговата смрт во 2009
редовно (секој понеделник) настапуваше во овој клуб.

За прв пат
на овие престижни места во њујоршката музичка сцена, која важи за
најконкурентната во светот ќе настапи еден македонски музички уметник
како фронтмен и со сопствени композиции што е еден голем чекор напред
во интернационалното промовирање на македонската музика.

Четкар ќе се претстави како гитарист, вокалист и композитор а ќе биде придружуван од Мото Фукушима, Милан Милановиќ и Арон Стил.

OhridNews