Четкар кој е првиот Македонец што настапил на познатата сцена, деновиве
добил понуди да настапи и во еминентниот њујоршки центар на уметности во Бруклин, BAM (Brooklyn Academy of Music) како и во Иридиум ( Iridium ), кој исто како Блуе Ноут е еден од водечките џез клубови во Америка и во светот.Четкар за кого вечерашниот ќе биде трет настап во Блу Ноут, ќе се претстави како гитарист, вокалист и композитор а ќе биде придружуван од Мото Фукушима, Милан Милановиќ и Арон Стил.