Охриѓанецот Владимир Четкар имаше два настапи на Smile Jazz Festival кој се одржа во островото Самуи, една од најпопуларните туристички дестинации во Тајланд. Со концертите на Четкар и официјално беше отворен фестивалот.

Четкар на сцената беше придружуван од Тајландскиот џез фјужн бенд Фанкшн, а специјален гостин му беше тенор саксофонистот Ко Мистер Саксмен кој важи за еден од најпопуларните инструменталисти и композитори во Југоисточна Азија.


Расположена публика на кнцертот на Четкар на „Smile Jazz Festival“ – Тајланд

OhridNews