Владимир Четкар ќе биде првиот македонски музичар кој ќе настапи на еден од најпрестижните џез фестивали во светот, Џава Џез Фестивалот во Џакарта, Индонезија, кој е најголемиот на јужната хемисфера.
На овој фестивал редовно настапуваат најпопуларните музички имиња како Стинг, Џорџ Бенсон, Стиви Вондер, Херби Хенкок, Џон Леџенд, , Шака Кан, Џејми Кулум, Пети Оустин, Карлос Сантана, Ентони Брекстон, Кул енд д Генг, Чик Кореа, Инкогнито, Мецофорте, Ли Ритенор, Ди Ди Бриџвотер и многу други.
Четкар на Џава фестивалот на 3 март 2017 ќе се претстави на една од главните сцени со своја авторска музика.
Неодамна македонскиот џез, соул и фанк артист се врати во Македонија од турнејата во Малезија, Камбоџа и Индија каде настапи на тамошните најзначајни џез музички фестивали и за истите доби одлични критики во медиумите во Југоисточна Азија и Индија додека неговиот концерт во Бомбај беше најавен и во најпродаваниот дневен магазин на англиски јазик во земјата, Тајмс оф Индија, како настап кој индиската публиката ќе ја вчудоневиди и остави без зборови.
OhridNews