Познатиот џез музичар Владимир Четкар во месец јуни ќе одржи концерти во Кливленд, Колумбус и Бостон во неколку престижни џез клубови кој според магазините за музика и популарна култура DownBeat Magazine и Rolling Stone се едни од водечките џез клубови во светот.
На 9-ти јуни во Кливленд, Охајо Четкар ќе дебитира во Nighttown Jazz Club додека на 10-ти јуни Четкар ќе одржи концерт во Колумбус, Охајо во Copious Notes.
На 18-ти јуни, македонскиот џез, соул, фанк музичар после 5 години се враќа со концерт во Бостон во Regattabar.
На сите концерти тој ќе се претстави со своја авторска музика и аранжмани а ќе настапи со својот Септет.
Инаку овој петок во организација на Амстел, Владимир Четкар ќе одржи „Afterwork“ концерт во „Цреша бар“ во Скопје.
OhridNews