Познатиот џез музичар Владимир Четкар на 18-ти март 2016 година ќе одржи концерт во светски прочуениот музички клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб “ во Менхетен, Њујорк.

Во овој клубот кој е лоциран на „Тајм сквер“ редовно настапуваат најзвучните имиња во светот на соул, блуз, фанк, џез и ар ен би музиката како Шака Кан, Инкогнито, Буци Колинс, Принц, Висперс, Џорџ Клинтон и т.н.

Четкар во „Би Би Кинг Блуз Клубот“ ќе настапи на сцената „Лусил“, именувана по гитарата на легендарнот блуз гитарист Би Би Кинг и ќе се претстави со авторска музика и сопствени аранжмани. Тој ќе биде придружуван од Алберт Лусинк на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Кори Вилис на тромбон, Мото Фукушима на бас, Владан Мијатовиќ на клавијатури и Џефри Фахардо на тапани.

Меѓу концертите на Македонскиот гитарист, вокалист, композитор и аранжер во минатото се вбројуваат и некој од најпознатите џез фестивали и клубови во Њујорк, Лос Ангелес, Лондон, Бостон, Вашингтон, Будимпешта.

Билетите за овој концерт се пуштени во продажба преку официјалниот сајт на клубот.

OhridNews