Оваа сабота, 31 јануари, на полноќ, Четкар ќе одржи концерт во Менхетен, Њујорк во „Блу Ноут“ или како што го нарекуват „светската престолнина на Џезот“. Овој концерт, организиран од страна на програмскиот директор на „Блу Ноут“, на македонскиот фанк, соул и џез музичар ќе биде седмо гостување по ред во ова легендарно место.
Музичката програма таа вечер ќе биде комплетно авторска, а Четкар ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба и флугелхорн, Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани.
Освен „Блу Ноут“ Владимир Четкар има повеќе пати настапувано и во останатите најзначајни џез места во САД како „Иридиум“ на Бродвеј (Њујорк), „Регатабар“ во Бостон, „Блуз Ели“ во Вашингтон и „Каталина“ џез клуб на „Сансет“ булеварот во Лос Ангелес.
OhridNews