Владимир Четкар на 24-ти јуни ќе настапи на најпознатиот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин џез фестивалот каде е најавен како еден од главните артисти. Неговото гостување е проследено со големо внимание низ тамошните медиуми за кои Владимир на 22-ри јуни ќе одржи прес конференција во Бангкок.
Четкар на турнејата во Тајланд, која покрај Хуа Хин фестивалот ќе опфати и концерт во Бангкок и мастер клас во Хуа Хин, на сцената ќе биде придружуван од популарниот Тајландски бенд Фанкшн.
На овој фестивал Четкар ќе се претстави со авторска музика а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд Бумибол Адулиаде кој бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.