Познатиот охридски музичар Владимир Четкар на 29 мај ја започнува својата турнеја во САД и Канада.

Турнејата ќе започне со концерт во Њујорк во Gallery MC, а потоа на 5 Јуни ќе дебитира во Детроит со концерт во еден од најпознатите џез клубови во американскиот мидвест,  Jazz Cafe at Music Hall. Nа 6 Јуни, сабота, турнеjатa продолжува во Чикаго во Бар 63 и на 11 Јуни, четврток, Четкар за прв пат ќе се претстави во Канада со концерт во клубот Seven 44 во Торонто.

На сите настапи Владимир Четкар ќе се претстави со авторска музика и со квартет состав.  

Во Њујорк Четкар ќе биде придружуван од Владан Мијатовиќ  на клавијатури, Мото Фукушима на бас и Ник Фалк на тапани, во Детроит и Чикаго ќе биде придружуван од Густаво Кортинас на тапани,  Јоакин Гарсија на клавијатури и Кит Лајлс на бас а во Торонто ќе настапи заедно со Давор Јордановски на клавијатури, Милош Ангелов на бас и Алек Секуловски на тапани.

OhridNews