Владимир Четкар на 13 Август по втор пат ќе настапи на најголемиот џез фестивал во Југоисточна Европа, „Нишвил Џез Фестивал“.
Четкар ќе биде единствениот претставник на Македонија на „Нишвил“ кој традиционално се одржува во Ниш, Србија а ќе настапи на главната сцена на фестивалот со авторска музика.
Концертот на Четкар заедно со уште неколку други концерти тој ден ќе го отворат овогодинешното издание на овој светски реномиран фестивал.
Неколку дена пред Ниш на 8 Август, Сабота, Четкар со својот секстет ќе одржи концерт во Охрид на базенската тераса на Хотел „Филип“ а на 15 Август со трио ќе настапи во Битола на „Бит Фест“.
OhridNews