Охриѓанецот Владимир Четкар ќе соработува на новиот проект со Димитри Фром Париз и Боб Синклар. Проектот е на светскиот Суперстар Боб Синклар, Димитри Фром Париз се јавува како продуцент и ремиксер, а Владимир Четкар како аранжер- оркестратор на живите музички секции.
Оваа соработка за Владимир Четкар доаѓа како уште еден голем успех и соработка на интернационалната музичка сцена.
До оваа соработка дојде отако Боб Синклар го слушна новиот албум на Четкар и потполно воодушевен самиот посака да го вклучи во неговиот нов проект.
OhridNews