Јапонската компанија “Yumeshokunin” лансирала четки за заби, ефикасни во одржувањето на хигиената на забите и усните шуплини без примена за паста за заби. Влакната на четката, наречена „мисока“ се премачкани со нано материјали благодарение на кои пастата не е потребна, а не е потребна ниту дополнителна хигиена на устата во текот на денот, со оглед на тоа што е доволна утринската процедура на миење на забите.
Авторите тврдат дека четката не само што ги чисти забите, туку и нивната површина ја прави непропусна за вода, така што на забите не се таложат наслаги кои предизвикуваат кариес. Јапонците ги уверуваат купувачите дека при произведувањето на четката користеле само материјали кои веќе се присутни во човечкиот организам.