Словенците за сума од 4 милиони евра го добија правото на изградба на две хидроцентрали на Горно Беличките извори во струшко и на уште четири на Летничките извори во Охрид.
Концесијата за користење на хидропотенцијалот на Горно Беличките извори кои имаат производствен капацитет од 1,5 мегават часови енергија е во времетраење од 25 години, додека за Летничките извори кои имаат капацитет од 0,7 мегават часови, е во период од 30 години. Дваесет отсто од профитот остварен од производство на електрична енергија на годишно ниво ќе и припадне на „Проаква“ која ќе ги наследи хидроелектраните по истекот на договорот за концесионирање.