Вистински музичко уживање овој петок приредува рестотранот „Острово“ во Св. Наум. На 22-ри јули во единствениот амбиент покрај изворите на Дрим настапува извонредниот акустичен бенд “The FRAJLE“ од Нови Сад, Србија. Забавата започнува во 22.30 часот, а со купена карта за настанот за посетителите обезбеден е бесплатен превоз со брод „Александрија“ кој за Св. Наум тргнува во 19.30 часот од градското пристаниште, а се враќа назад после завршување на забавата.

Фрајле (The Frajle) се основани 2009 година од Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ и Јелена и Невена Буча. Претходно тие пееле во различни бендови, а по првите заеднички свирки, сфатиле дека на луѓето им се допаѓа тоа што го прават и почнале да работат заедно. На Бендот му го дале името Фрајле за да го означат војводинското поднебје. За брзо време стануваат познати по фантастичната музичка изведба и уникатниот стил со кој ја освојуваат публиката со вкус на Балканот.

 

Билетите за ова концертно уживање можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 500 денари. На располагање ви се и специјални пакет резервации:
-Висока Маса – 4 карти + шише Тиквеш Куве – 4000 денари. 
-Маса – 6 карти + 1кг белвица или 1 кг свинско печење – 6000 денари.

Повеќе информации и информации за концерот на “The Frajle” на следните телефони: 070 388 613 и 071 369 900.

OhridNews