Четиристотини кози наводно умреле од бучавата што ја произведувале ветерниците во Тајван. Велат дека животните три години не можеле нормално да заспијат. Касновечерната бука на ветерниците на тајванскиот архипелаг Пенго испратила 400 кози на вечен одмор.
Бидејќи поради бучавата не им давала мирно да спијат исцрпеноста на крајот ги убила. Фармерот кој бил оштетен од овој настан во извештајот рекол дека доколку луѓето не можат да спијат од бучава како би можеле и козите. Инспекцијата му ветила надокнада ако се утврди дека причината за смртта е недостатокот на сон.