На подрачјето на општина Охрид, во периодот од 18 до 20 јули 2008 година, регистрирани  се  вкупно 14 сообраќајни незгоди при што две  лица се здобиле со тешки телесни повреди и предизвикана е поголема материјална штета.
   
На ден 20.07.2007 година,  во 18 часот и 20 минути, на регионалниот пат Св.Стефан-Охрид кај населбата Рача, се случи тешка сообраќајна незгода во која учестувале патничко моторно возило марка ,,Голф“ со скопски регистерски таблици и моторцикл марка ,,Пјаџо“ . Во незгодата лицето З.И. род. 1983 година, кој моторциклот го управувал со неприлагодена брзина и кој изгубил контрола,  се здобил со скршеници на две градни ребра и потрес на мозокот. Истиот веднаш е префрлен во Болницата ,,Св.Еразмо“ каде е задржан на лекување. Увид на лице место е извршен од страна на дежурен судија при Основниот суд во Охрид и увидна екипа од СВР Охрид.
   
На ден 18.о7.2008 година, во 04 часот кај хотел ,,Парк“се случи сообраќајна незгода во која учесник е моторцикл марка ,,Хонда“ без регистарски таблици управуван од лицето Т.Ф. роден 1982 година во Охрид. Истиот, заедно со сопатникот Е.П. родена 1988 година од Скопје се здобиле со лесни телесни повреди и се задржани на лекување во Општата болница во Охрид. Причина за незгодата е неприлагодена брзина и управување под дејство на алкохол. Возачот на моторциклот е исклучен од сообраќај.
   
На ден 20.07.2008 година, во 17 часот и 15 минути, на патеката од х.Метропол“ се случи сообраќајна незгода во која учествувале велосипед со мотор и лицето Р.М. роден 2004 година од Скопје кој како пешак се движел по патеката. Во него удрил возачот на моторциклот кој веднаш го напуштил лице местото. Пешакот, се здобил со тешки телесни повреди односно со скршеница на десната клучна коска. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на возачот на велосипедот со мотор.
   
Во другите случени сообраќајни незгоди на подрачјето, предизвикана е поголема материјална штета а причина за незгодите се управување со неприлагодена брзина спрема условите и состојбите на патот, губење на контрола над возилото, недржење страна на движење, управување со неосветлено возило, изведување дејствија на коловозот и сл. Против сторителите на казнените деле ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: СВР Охрид