Четиригодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди при пад од петти кат од зграда во центарот на Охрид. Тоа по згрижувањето во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо во Охрид“, во стабилна состојба денеска е упатено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.


местото на несреќата

Девојчето при паѓањето од 6-ти кат  удрило во сателитска антена поставена на првиот кат која го амортизирала падот, што според лекарите од Коснозглобна била среќна околност. Тоа било примено во болницата со скршеница на левата надлактица, излив во белодробието и клиничко истегнување на абдоменот. Врз него веднаш била извршена интевенција од лекарски тим составен од ортопед неврохирург, општ хирург и анестезиолог

Состојбата на девојчето е стабилна и не постојат индикации дека тоа е витално загрозено, меѓутоа поради сериозноста на повредите, особено поради падот од пет ката, нашиот лекараски колегиум  после примарниот третман во нашата здравствена институција одлучи лекувањето да продолжи во хируршките  клиники во Скопје за евентуално да се реагира навреме на можните скриени повреди, изјави д-р Љупчо Богоевски – ортопед специјалист во болницат „Св. Еразмо“. Тој изрази надеж дека здравствената состојба на девојчето ќе остане стабилна и дека неговиот живот ќе биде спасен.


д-р Љупчо Богоевски

Несреќата на ул „Димитар Влахов“ според очевидци се случила вчера околу 16 часот. Од СВР Охрид не информираа дека се работи за несреќен случај, а според првичните  информации од истрагата девојчето паднало преку прозорец од спалната соба кој бил поставен ниско. Девојчето само го отворило прозорецот, а во моментот на несреќата неговите родители биле во домот. 

Случајот во полицијата го пријавил случаен минувач кој го забележал повреденото девојче како лежи во тревникот пред зградата.

Ohridnews