Двете момчиња на возраст од четири и девет години во Центарот за одвикнување од пушење ги донел нивниот татко од градот Гаоксионг во Тајван откако сфатил дека синовите му ги крадат цигарите. Момчињата признале дека му ги краделе цигарите и рекле дека тоа го правеле затоа што мислеле дека е кул кога татко им пуши. Поголемиот признал и дека позајмувале цигари од соучениците на школо ако не успеале да украдат од дома.
Таткото го критикувале од Центарот бидејќи синовите ги донел на третман само два пати, а сметаат и дека тој е лош пример за нив.
четири години а пуши