Охрид од денеска до 30 август ќе биде домаќин на  четириесеттиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот  годинава ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, што свечено ќе биде отворен токму со оваа манифестација.

На семинарот оваа година ќе учествуваат околу 100 слушатели од 25 земји, како и странски слависти, македонисти, балканисти, универзитески професори, научни работници и преведувачи. Во рамките на семинарот на 27 и 28 август ќе се одржи и Научната конференција на којашто ќе бидат изложени најновите  истражувања од областа на јазикот и литературата.


Конгресниот центар во Охрид

Покровител на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура годинава е претседателот на државата Бранко Црвенковски.

За 40-годишниот јубилеј  издавачката дејност на семинарот е збогатена со монографија за дејноста на семинарот и на лекторатите во странство, со нов учебник по македонски јазик за странци, две учебни помагала – едно за јазик и едно за литература, како и библиографија на предавањата на семинарот во последните 20 години.

ohridnews