Марија Кареиро од Канада, откако сватила дека добила четириесет милиони, а не четириесет илјади канадски долари на лотарија, од среќа запеала и заиграла со чекот во рацете.

Новопечената милионерка Марија на медиумите им открила дека “грешката во нулите“ ја открила нејзината ќерка.

“Откако се вратив од пазарење, ќерката ги провери информациите на интернет и рече-мамо, побогата си за четириесет милиони долари!“. Останав во шок и велев – тоа не е можно, нема шанси. Го проверив ливчето и се што можев да речам беше – дајте ми чаша вода!“, раскажува симпатичната добитничка и на општо задоволство запеала и заиграла за време на примопредавањето на чекот со бројка од четириесет милиони долари. Една од првите одлуки е заминување на одамна посакуваниот меден месец, по 30 години брак.