Четириесет и еден шахист од Охрид, Струга, Дебарца и Вевчани беа дел од второто издание на Рапид турнирот „Езерски Бисер 2023“ кое се одржа денес во просториите на Младински центар Охрид. Турнирот се играше по Швајцарски систем во 7 кола со темпо на игра 10’05”, информираат организаторите од Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид.

Наградени во младинска конкуренција родени 2007 и помлади беа Лука Симоноски златен медал, Елена Лушеска сребрен медал и Герасим Кумбароски бронзен медал, Елена Лушеска најдобро пласирана шахистка, Лука Симоноски најдобро пласиран млад шахист, Пандо Пурцов најдобро пласиран шахист во категорија 60+.

Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Методија Анѓелкоски со освоени 6 поени, сребрен медал за Јана Анѓелкоска со 6 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Милован Каланоски, четврто место за Љупчо Попаѓоски и пето место за Миљот Ризвани, велат од клубот.

Воедно упатуваат благодарност до Општина Охрид која финансиски го помогна одржувањето на турнирот.

OhridNews