Во интервју дадено во дневникот на локалната Тв М, претседателот на здружението, Сашо Алче, рече дека поменот ќе се одржи на местото на несреќата во Охрид. Тој истакна дека здружението на поменот ќе ги покани семејствата на настраданите бугарски туристи и претставници на државните институции од двете земји.
Алче најави дека здружението ќе покрене и иницијатива за поставување спомен плоча во знак на сеќавање на големата несреќа која однесе петнаесет човечки животи.