Денес во Крушево ќе биде одржан помен на четириесетте дена од загинувањето на македонската поп ѕвезда Тоше Проески. На поменот освен блиските роднини и пријатели се очекува да присуствува и делегација на македонската Влада како и многубројни фанови и почитувачи на неговиот лик и неговата музика.

 Во овие четириесет денови од кобното  октомвриско утро македонската нација, но и народите од Балканот го оплакуваа загинувањето на најголемата поп икона на овие простори. Тоше со својата музика, но уште повеќе и со своите дела, својата хуманост, верба во Бога и во вистинските вредности, остави неизбришлив траг на овие простори. Неговиот млад живот прерано згасна, но неговата ѕвезда останува да свети меѓу нас, неговата музика и неговите дела се вечни .

Проески загина на 16 октомври во сообраќајна несреќа на автопат во близи на Нова Градишка – Хрватска,  кога неговото возило џип „Тауарег“, управувано од другарот на Тоше, Ѓорѓи Ѓоргески,  со голема брзина удри  во камион. Тоше патуваше за Загреб каде требаше да гостува во телевизиско шоу и да снима спот за песна од својот последен албум „Игри без граници“. Имаше 26 години.

ohridnews