Охридските атлетичари освоија вкупно четири одличја на Купот на Македонија за сениори и сениорки, кој се одржа изминатиов викенд на националната арена „Тодор Проевски“.

Три од четирите одличја завршија на градите од Јован Стојоски. Тој триумфираше на спринтерските дисциплини 100, 200 и 400 метри. На 100 и 400 метри оствари и свој личен рекорд, кој воедно претставува и државен рекорд.

Четвртиот медал беше дело на Стефан Стефаноски, кој имаше најдобар резултат во фрлање диск.

Марија Јованоска на 100 и 200 метри финишираше на четвртата позиција, а Искра Маџаоска на десеттото односно осмото место. Климентина Модева во скок во височина заврши на петтата позиција. Дејан Ангелоски во трката на 5 000 метри се најде на петто место.

OhridNews