Најмалку четири лица загинаа во силно невреме кое го погоди северниот дел на Италија, а медиумите објавија, дека во планинските предели на земјата биле извршени многу спасувачки операции. Маж загинал од удар на гром во Мармолада, највисокиот планински врв на Доломитите, објави агенцијата АНСА.
Во долината Трамонтини, во покраината Фурланија, една државјанка на Белгија, загинала, откако врз нејзиниот шатор паднало дрво. Во Ломбардија, жена го загубила животот, откако се лизнала од пешачка патека.
Жена го загубила животот, откако свлечиште го затрупало нејзиниот автомобил во Кортина Дампецо.
OhridNews
Макфакс