Синоќа во 19,55 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Фолсфаген Буба“ со кичевски регистарски ознаки, управувана од 32-годишна жителка на Кичево, „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишно лице од Скопје, „Ламборџини“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 24-годишен скопјанец и „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишен жител на Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачката на автомобилот „Фолсфаген Буба“ која е пренесена во Ургентен центар во Скопје, додека со телесни повреди се здобиле три лица од останатите возила кои учествувале во незгодата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews