Светската кошаркарска федерација (ФИБА), кон крајот на ноември ќе одлучи кои репрезентации ќе добијат покани за настап на Светското првенство во 2014 година, во Шпанија.


Состанокот на Централниот одбор на ФИБА ќе се одржи на 22. и 23.ноември и тогаш ќе биде решено кои четири репрезентации ќе добијат покани за настап на Мундијалот, на кој пласман веќе обезбедија 20 национални тимови.

Според неофицијални информации, една покана ќе добие Кина, големи шанси да добие ’вајлд карта’ има и Бразил и само поради тоа што во 2016 ќе биде домаќин Олимписките игри.

Од европските репрезентации, како главни кандидати за добивање на поканите се споменуваат Италија и Турција, но од настап на кошаркарскиот Мундијал нема лесно да се откажат ниту Русија и Грција.

Светското првенство во Шпанија ќе се одржи од 30.август до 14.септември 2014 година, а извлекувањето на групите ќе се одржи на 4.февруари, следната година, во Барселона.

„Макфакс“