Во Основниот суд во Струга во тек се четирите закажани судења против градоначалникот Рамиз Мерко – две за незаконско поставување на директори на училишта, набавката на „аудито“ и за поставување на спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.

На првото рочиште кое се однесува за незаконско поставување на директори на училишта беа сослушани поранешниот министерот за образование од ДУИ, Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски, кој требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година, но тоа не се одржа поради немање уредна достава до сведоците.

Во Струшкиот суд во тек е сослушувањето за второто судење, додека третото и четвртото се закажи по 13 часот.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави поради вмешаност во корупција, а против него има поднесено девет обвиненија за несовесно работење во службата.

Н.С.Ј.