Овие четири компании се пријавиле на тендерот за концесионирање на аеродромите што го распиша Министерството за транспорт и врски. Тендерот се однесува на изработка и релизација на Проект за подобрување на техничката и финансиската состојба на аеродромите во Охрид и Скопје, како и изградба на нов карго аеродром во Штип.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид предвидено е реконструирање на паркингот, реновирање на карго центарот, изградба на ВИП објект и пречистителна станица, реконструкција на постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и противпожарни возила и на нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди.
Идниот концесионер ќе стопанисува со охридскиот аеродром во наредните 20 години.