Полскиот ски скокач Камил Штох се доближи до титулата во Новогодишната турнеаја „Четири скоколници“, откако денеска, триумфираше во третата етапа која се одржа во австриски Инсбрук.
Штох до победата во Инсбрук стигна со два маестрални скокови (127.5 метри и 130 метри), оставајќи ги ривалите далеку зад себе. На второто место финишираше Анже Ланишек од Словенија, а, третопласиран заврши сонародникот на Штох, Кубацки.
Во прилог на Штох отидоа бледите изданија на конкурентите за титула во генералниот пласман. Германецот Гајгер и Норвежанецот Гранеруд имаа очајни први скокови и одвај успеаја да обезбедат втора серија, со што значително ги загубија шансите за титула на турнејата.
OhridNews