Охридските “бели“ имаат уште четири натпревари до есенската пауза да го поправат лошиот пласман на табелата но и впечатокот кој го оставија. Белите кои се наоѓаат на дното на табелата со само три бода и гол разлика -14 (7:21), наредниот викенд ги очекува тешко гостување кај трето пласираната Дрита.
Пред две сезони со голот на Атај, охриѓани токму во Боговиње го осигураа опстанокот, додека лани претпреа убедлив пораз од 3-0.
Потоа во Охрид доаѓа Влазерими кој пред две сезони на два пати беше совладан. Во Кичево со 1-3, на Билјанини со 6-0, Речкоски Томе тогаш постигна хет-трик.
На две кола пред крајот Охрид гостува кај Миравци, екипа против која белите имаат лоша традиција и никогаш ја немаат победено. Во четирите меѓусебни пресметки Охрид претрпел два порази, а два пати играле нерешено 1-1.
Во последното коло “рибарите“ на Билјанини го пречекуваат лидерот Шкендија. Лани Охрид претрпе порази во четирите натпревари (два во купот) кои ги одигра со тетовските црвено – црни.
10 31/10/2009 13:00 Дрита – Охрид
11 07/11/2009 13:00 Охрид – Влазерими
12 21/11/2009 13:00 Миравци – Охрид
13 28/11/2009 13:00 Охрид – Шкендија
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com