Сестрите Лилиан Сепулведа, Саби Пацос и Лесли Пацос родиле во петокот и саботата во истата болница во Чикаго здрави деца и сите ги породила истата лекарка. Нивната сестра Хајди Лопез се породила два дена подоцна во Калифорнија каде и живее. Две од нив добиле ќерки а две синови.


Тоа било многу необично, а во исто време и прекрасно. Сестрите рекле дека воопшто не се договарале околу тајмингот на бременоста. Сите биле среќни и рекле дека се благословени бидејќи се поминало во најдобар ред. Изјавиле дека по излегувањето од болница ќе мораат да организираат една голема заедничка забава.