Денес и утре, во „Ланксес“ арената во германскиот град Келн ќе се одигра завршниот Ф4 турнир во ракометната Лига на Шампиони.

Најтрофејната Барселона, дрим тимот на Пари Сент Жермен, „домаќинот“ Кил и унгарскиот гигант Веспрем се екипите кои ќе борат за приматот на Вардар, кој се уште е актуелен европски првак.

Сезоната 2019/20, не се одвиваше според планот поради пандемијата на коронавирусот и ЕХФ донесе одлука завршниот турнир наместо во јуни да се одигра на крајот од 2020 без публика. Пласман директно на Ф4 обезбедија првите две екипи на табелата од тогашните елитни групи.

Во полуфиналните пресметки силите ќе ги одмерат Барселона – ПСЖ односно Кил – Веспрем. На хартија фаворити за пласман во финалето Барселона односно Веспрем, но на завршниот турнир никого не смее да се отпише или пак, да се прогнозира.

Покрај шампионските мотиви, ЕХФ објави дека наградата за завршниот турнир ќе изнесува 1 милиони евра. Половина од колачот ќе земе шампионот, 250 000 евра второпласираниот, а по 150 000 односно 100 000 третопласираниот и четвртопласираниот.

  • Двојки:

18ч. Барселона – ПСЖ

20:30ч Кил – Веспрем

OhridNews