Какаото не е само вкусно и добро за Вас, тоа прави и да изгледате поубаво.
Конзумирањето на црно чоколадо кое е богато со витамини, антиоксиданти и минерали е добро за Вашата кожа. Како дополнителен бонус, темното чоколадо содржи состојки кои го подобруваат Вашето здравје.
Според едно истражување е докажано дека со него се подобрува функцијата на мозокот, помага да го контролирате шеќерот во крвта, заштитува од мозочен удар и кардиоваскуларни проблеми.
Истражувањето открива неколку предности за убавина кои ги содржи црната чоколада:
1. Ја заштитува кожата од опасните УВ зраци: Флавонолите (кои доаѓаат во зрната од какаото) научно докажано и помагаат на Вашата кожа да се заштити од изгореници и други штети предизвикани од УВ зраците.
2. Ја хидрира сувата кожа: Црното чоколадо бидејќи е полно со железо, калциум, витамин А, Б1, Ц, Д и Е (помеѓу другите кои и помагаат на кожата) хранливи материи ја надоплнува сувата кожа.
3. Помага да се отстранат брчките: Внесувањето на какао го намалува стресот, што резултира со помал колаген дефект.
4. Поттикнува раст на косата: Црното чоколадо како што споменавме погоре е полно со железо, цинк, бакар – сите минерали кои го поттикнуваат обновувањето на клетките. Јадењето црно чоколадо ќе го зголеми снабдувањето на проток во крвта и кислород во вашиот скалп со што ќе резултира со посилна, погуста и поздрава коса.
Истражувањето покажало дека за да се искоритат придобивките на црното чоколадо во полза на убавината и здравјето, Вашето тело бара козумирање на црното чоколадо околу 100 грама неделно. Тоа значи една коцка во денот ќе биде сосема доволна.