Екипата на Охрид Лихнидос во преостанатиот припремен период ќе одигра уште четири контролни натпревари.  Утре се среќаваат со екипата на Елбасан. На 26 јули играат со екипата на Пелистер, додека на 29 јули со екипата на Новаци.

За противникот и датумот на последната пријателска средба ќе бидете дополнително известени, велат од клубот.

 

На првиот контролен натпревар екипата на Охрид во двете полувремиња настапи со два комбинирани состави и беше поразена од Воска Спорт со резултат 0:4.

Од клубот информираа и дека започната е продажбата на сезонски влезни карти.

Во престојната сезона очекуваме голема поддршка од страна на охриѓани, заедно да стигнеме до поголем успех. Сезонски влезни карти ќе може да нарачате преку порака на нашите социјални мрежи, истите ќе ви бидат доставени во рок од 24 часа. Цена на една сезонска влезна карта изнесува 1000 денари, додаваат од ГФК Охрид Лихнидос.

OhridNews