Сигурно сте слушнале за изреката “Подобро да се спречи, отколку да се лечи”, па токму и поради оваа убава изрека треба да почнете да одите на редовни прегледи кои можат да ви го спасат вашиот живот.
Ултразвук
Ракот на дојка е најчеста болест кај жените во светот. Освен самопрегледи кои секоја жена еднаш месечно би требала да ги направи, жените кои се помлади од 40 години се препорачува да направат ултразвук најмалку еднаш годишно.
Дерматолошки преглед
Контролирањето на промената на боја, облик и големина на бемките, 2-3 пати годишно, овозможуваат рано откривање на меланом – најопасниот облик на рак на кожата. Меланомот може да настане на кој било дел од телото, иако кај жените тоа најчесто настанува на нозете. Поради тоа на секоја жена и се препорачува преглед на дерматолог еднаш годишно.
Пап тест
Ракот на матката е се повеќе распространет меѓу женската популација, а во 80% од случаите е излечив доколку се дијагностицира навреме. Пап тестот се препорачува да се прави на секои 6 месеци до година дена.
Проверка на крвта
Со проверка на крвта ќе откриете дали холестеролот во крвта е покачен. Холестеролот е познат како “тивок убиец” поради тоа што може да се развива со години без никакви симптоми, а на крај тоа да резултира со срцев или мозочен удар. Докторите препорачуваат да се проверува крвта редовно.