LEICESTER-WATFORD 1 (1.75)

Во 16.00 часот се играат и повеќето натпревари од Чемпионшип англиската лига.Наш избор е екипата на Лестер која не знае за пораз во последните 5 натпревари и се наоѓаат на 1-та позиција со предност од 10 бода пред екипата на КПР.

Нивниот противник Ватфорд пак се наоѓа на 13-та позиција со 1 победа,2 нерешени и 2 порази.

И традицијата е на страната на Лестер,кој имаат 24 победи,18 порази и 17 нерешени натпревари против екипата на Ватфорд. Според тоа ова би требало да биде лесен залак за екипата на Лестер.

 

BLACKPOOL-NOTTM. FOREST 2 (1.95)

Друг наш избор од Чемпионшип лигата е екипaта на Нотингем,која во последните 3 натпревари имапобеди а не знае за пораз во позледните 5 натпревари и има 3 победи и 2 нерешени натпревари.

Додека пак екипата на Блекпул не може да се пофали со нивната форма,така тие во последните 5 натпревари имаат 4 порази и еден нерешен натпревар против екипата на Донкастер.

Традицијата пак ни дава сосема изедначен резултат,такашто екипта на Нотнгем има 29 победи 27 порази и 26 нерешени меѓусебни натпревари против Блекпул.

Но како и да е Нотингем е во подем и амбиции за пласман во Премиер лигата додека формата на Блекпул е во големо опаѓање.

 

PALERMO-PADOVA 1 (1.6)

Во 15.00 часот продолжува 24-то кола на италијанската Сериа Б лига.Нашиот избор е екипата на Палермо кој имаат сериозни амбиции за враќање во најелитната италијанска Сериа А.Во последните 5 натпревари екипата на Палермо има 2 победи,2 нерешени и 1 пораз,се наоѓа на 1-та позиција со само 2 бода предност од екипата на Емполи.

Додека екипата на Падова игра за опстанок,се наоѓа на предпоследната позиција и во последните 5 натпревари имаат 4 порази и 1 нерешен натпревар.

Овие две екипи меѓусебно играле до сега само еднаш во нивната историја и тоа 8.9.2013 и победила екипата на Палермо и тоа на гости со резултат 3:0.

Ова е голема шанса за Палермо да се одлепи од Емполи знаејќи дека Емполи игра на гости против незгодната екипа на Трапани.

 

SUNDERLAND-HULL 1 (2.15)

Денеска во 16.00 часот се играат и повеќето натпревари од Премиер лигата.Наш избор е тимот на Сандерленд,кој во последните 5 натпревари имаат 3 победи,1 пораз и еден нерешен натпревар и е во огромен подем победувајќи против Њукасл со 3:0 во последниот натпревар,и во вториот дел од сезоната со доаѓање на нивниот нов тренер Појет како да се разбуди и целиот тим,така што од тотален аутсајдер и забетонирано последно место полека но сигурно се искачува нагоре и излегува со опасната зона и се наоѓа на 14-та позиција.

Екипата на Хал пак не може да се пофали со нивната форма во последно време,во последните 5 натпревари имаат 1 нерешен натпревар и 4 порази и се наоѓаат едно место погоре од нивниот противник.

И традицијата е на страната на Сандерленд со позитивен скор од 6 победи и 1 пораз. Покрај традицијата и формата овој натпревар би требало да заврши со победа на домаќинот.

 

Ohridnews