Најгламурозната вечер во Холивуд, ѕвездите и членовите на Американската академија за филмски уметности и наука беа наклонети кон филмот „Кралски говор“, Колин Фирт и Натали Портман.

Наградата што ја посакуваат сите во филмската индустрија, за најдобро остварување на годината, на 83-то доделување на Оскарите, и припадна на историската драма „Кралски говор“. Во остра конкуренција, Колин Фирт како кралот Џорџ шести и маестрално доловената шизофренична балерина во филмот на Дарен Аронофски од страна на Натали Портман обезбедија најмногу гласови од Академијата.

Втората номинација за Мелиса Лео за улогата во филмот „Борец“ и ја донесе на американската актерка првата статуетка за исклучителна женска епизода. Кристијан Бејл, номиниран за најдобра споредна улога во истоимениот филм исто така е крунисан со Оскар.

„Социјална мрежа“ ја заобиколија главните награди, но во категоријата монтажа и сценарио адаптирано спрема литературно дело, немаше подобри од авторите на ова остварување.

„Почеток“ на Нолан ја однесе победата за тон и монтажа на тон.

Оскар за оригинално сценарио му е доделен на Дејвид Сајдлер за „Кралски говор“, а номинирани беа и Мајк Ли („Уште една година“), Скот Силвер, Пол Тамази, Ерик Џонсон и Кит Дорингтон („Борец“), Кристофер Нолан („Почеток“), Лиза Чолоденко и Стјуарт Блумберг („Децата се добро“).

„Алиса во земјата на чудата“ е наградена со два Оскара – за сценографија и за костими.

OhridNews
извор: „Макфакс“