Изминатата сабота (10.05.2013) во истиот ден со Гимназијадата, се одржа и натпревар по повод Светски Ден на Атлетиката во Охрид. На овој натпревар атлетичарите на АК “Охрид” беа најдоминантни на пиадесталот и ги постигнаа следниве резултати:
Ивона Димитриеска освои три први места во дисциплините: 100 м. пречки со резултат 17.23, скок во височина со резултат 140 цм, и трискок со резултат 10.05 м.
Мартина Мироска освои две први места во дисциплините: 100 м. со резултат 13.08 и скок во далечина со резултат 5.17 м.
Стојанче Грујоски освои едно прво место во дисциплината фрлање ѓуле со резултат 12.18 м.(5 кг).
Илија Кироски освои едно прво и едно второ место: прво место на 1000 м со резултат 2.42.50 и второ место во фрлање ѓуле со резултат 11.95 м (5 кг).
Сара Цветаноска освои едно прво и едно трето место: прво место во фрлање ѓуле со резултат 7.64 м(4 кг) и трето место во скок во далечина со резултат 4.56 м.
Даниела Митреска го освои второто место во фрлање ѓуле со резултат 7.25 м(4 кг) и прво место во дисциплината фрлање копје со резултат 21.61 м.
Светскиот Ден на Атлетиката беше отскочна даска за Балканско Првенство за младинци-ки до 17 години која ќе се одржи на 15.05.2014 во Сливен, Бугарија. Влатко Димитров, тренер на АК “Охрид” избра 4 атлетичари за патување на Балканското Првенство затоа што од две од девојките иако прво пласирани, нивните резултати не се доволно завидни за настап на балканско ниво.
Под водството на Димитров во Бугарија отпатуваа Мартина Мироска, Ивона Димитриеска, Стојанче Грујоски и Илија Кироски.
Мироска ќе трча 100 метри и ќе скока во далечина, Димитриеска ќе трча 100 метри пречки и ќе скока трискок додека Грујоски ќе фрла ѓуле а Кироски ќе трча 800 метри.
Ohridnews