Теквондо клубот Мастер од Охрид освои четири одличја на вториот по ред Меѓународен турнир во теквондо во Дубровник, Хрватска на кој покрај домаќините учествуваа најдобрите натпреварувачи од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Австрија.
Охриѓани се закитија со еден златен, еден сребрен и две бронзени одличја. Медалот со најсветол сјај го донесе Ана Милошоска во конкуренција кадети. Крсте Танковски освои сребро, а Димитар Велјаноски и Климент Каневчески во конкуренција на пионери освои бронзен медал.
Тренерот на охридската екипа Саша Попоовски кој има црн појас-петти дан задоволен е од резултатскиот успех и од прикажаното на турнирот во Хрватска.
OhridNews