Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ на 12-от меѓународен куп, кој се одржа во Гостивар освоија четири медали од кој еден со најсветло одличје.

До златен медал стигна Марија Стевоска во категорија сениорки до 68 килограми додека на чекор од првото место беа кадетите Илија Спасески (70кг) и Стојанчо Грујоски (над 70кг) кои се закитија со сребрени медали.

Одличниот настап за охридските каратисти го заокружи „јуниорот“ Даниел Јовески, кој во категорија до 68 килограми осви бронзен медал.

Ова е втор успех на „Кун-су-то“ за краток временски период откако на турнирот во Скопје исто така освоија четири одличја со што се покажува одличната работа во клубот.

Мх.П.