Викеднов во Скопје во спортската сала МЗТ ”Јане Сандански” се одржан карате турнирот НАДЕЖИ – ИНТЕРНАЦИОНАЛ кој е во листата на официјални турнири на КФМ.


Охридскиот карате клуб “КУН-СУ-ТО” учествуваше со 10 натпреварувачи и освои три бронзени и една сребрена медалја.

Со сребро се закити :
–     Илија Спасески во категорија ката родени 1997 год.

Со бронза се закитија :
–    Зоран Трајчески во категорија ката родени 2001 год.
–    Анастасија Голабоска во категорија борби +45 кг родени 1997 год.
–    Марија Петреска во категорија борби -54 кг родени 1994 год.