Викендов што измина во Битола се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје по меѓународна програмата на кое охридските стрелци освоија вкупно четири одличја.
Во поединечна конкуренција, златниот медал за неприкосновено најдобриот стрелец во Македонија во категорија воздушна пушка мажи му припадна на Михаил Шишкоски со резултат од 595,7 круга. За Шишкоски ова е 6-та победа во низ на државните првенства со што покажува дека е недостижен и апсолутно непобедлив во својата категорија.
Сребрениот медал во категорија јуниорки и припадна на Мартина Петровска, новата надеж во спортското стрелаштво. Ова е воедно нејзин нов личен рекорд од солидни 401,2 кругови. Со бронзен медал, во истата категорија се закити Јана Маркоска со резултат од 384,4 круга. Со бронзен медал во јуниорска категорија, се закити и Попоски Васко со резултат од 548,1 кругови.
И на Државното првенство во Битола изостана екипното прогласување на победниците поради недоволниот број на екипи во сите категории, што доволно зборува дека стрелаштвото во државава се движи во погрешна насока.
OhridNews