Тандемот Стефан Стефановски и Блаже Љушев искомбинираа четири одличја на турнирот во фрлачки дисциплини кој се одржа изминатиов викенд на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Стефан Стефановски на еден од меѓународните атлетски натпревари во Охрид.
Стефановски се закити со едно злато и две бронзени медали, додека Љушев само еднаш како третопласиран се искачи на пиедесталот.
Стефановски најдобар резултат имаше во фрлање диск (39.44 метри). Во истата дисциплина Љушев заврши на третатата позиција. Во категориите ѓуле и копје, Стефановски оствари резултати доволни за бронзени одличја.
Покрај фрлчките дисциплини се одржа и трка на 10 000 метри во машка и женска конкуренција. За издвојување е победата со нов државен рекорд на Адријана Поп Арсова. Новиот рекорд изнесува 36 минути, 54 секунди и 42 стотинки.
OhridNews