Атлетичарите од охридскиот клуб имаа успешна презентација на Поединечното сениорско првенство, кое изминатиов викенд се одржа на Националната арена „Тоше Проевски“ во Скопје.
Охридските атлетичари освоија четири медали, но најважно е што ја креваат формата и се повеќе се замешуваат во битката за подиумот.
Блаже Љушев и Стефан Стефаноски триумфираа во скок во далечина односно фрлање диск. Стефаноски се закити со бронзен медал во фрлање копје. Марија Јованоска на 200 метри заврши на втората позиција, додека на 100 метри имаше солиден настап. Искра Маџоска ги подобри своите резултати на спринтерските дисциплини и најави уште подобри резултати во иднина.
OhridNews