Охридските каратистки Анастасија Смилевска и Тамара Ѓурчиноска се закитија со по две одличја на турнирот „Власотинце Опен 2019“ во соседна Србија на кој учествуваат околу 500 каратисти.
Смилевска златен медал освои во кати родени 2009 година-петто ниво, а на втората позиција финишираше во конкуренцијата борби 2008/09 година над 37 килограми. Ѓурчиноска со златен медал се закити во конкуренцијата кати родени 2006 година-петто ниво, а со бронзен во борби 2006/07 година над 45 килограми.
Успехот е доказ за добрата работа на Карате клубот „Кун-су-то“, но и мотив за понатамошните предизвици кои следуваат во и надвор од границите на нашата земја.
OhridNews