Финансиски извештаи не доставиле Обединети за Македонија, ВМРО–Народна партија, ПДП и СДПМ, при што, против нив спред Изборниот законик ќе биде поднесена прекршочна пријава која предвидува глоба од 4.000 до 5.000 евра.
Новите измени на Изборниот законик предвидуваат организаторите на 11-от ден од почетокот на предизборната кампања да достават извештај за состојбата на сметката, а истото требаше да го направат и на 21-от ден, односно на 4. јуни, со цел да се следи целиот процес.
Сите партии имаат обврска да достават финансиски извештаи во три државни институции – во Антикорупциската комисија, во Заводот за ревизија и во ДИК.
извор: Makfaks