Победничката серија на Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјаер се зголеми на четири мечеви, откако „црвените ѓаволи“ со 2-0 го совладаа Њукасл во рамките од 21-та рунда во Премиер лига.

Гостите од Олд Трафорд до триумфот на „Сент Џејмс Парк“ стигнаа со два голови во второто полувреме кои беа дело  на Ромелу Лукаку односно Маркус Рашфорд. Белгиецот погоди за 1-0 триесетина секунди после влегувањето во игра, а печат на победата стави англискиот репрезентатиец кој го дуплираше водството.

Со четвртата победа во низа Манчестер Јунајтед се доближи на шест бодови од четвртопласираниот Челси кој неочекувано ремизираше без голови против Саутемптон (0-0).

21-та рунда во Премиер лигата ќе се комплетира со мечот на сезоната помеѓу актуелниот шампион Манчестер Сити и лидерот на табелата Ливерпул на „Етихад“ стадионот.

Резултати: Бурнмаут – Ватфорд 3-3, Челси – Саутемптон 0-0, Хадерсфилд – Барнли 1-2, Вест Хем – Брајтон 2-2, Вулверхемптон – Кристал Палас 0-2, Њукасл – Мен Ју 0-2

OhridNews