Охридските кошаркари ја забележаа четвртата победа во Втората лига сезонава совладувајќи го тимот на Водњански Лисици 78-68 (33-11, 21-16, 13-12, 11-29).


Избраниците на охридскиот стратег Петар Чочорски кој мечот го проследи од трибините почнаа фуриозно и со серија лесни кошеви стигнаа до плус 22 по првите десет минути.


Во вторите охриѓани ја зголемија разликата на уште пет кошеви за највисоки (54-27) на семафорот по првото полувреме.


Третиот квартал помина во изедначена игра, а во последниот гостите ја искористија ротацијата на играчите во домашниот состав и го ублажија поразот 78-68 добивајќи ја четвртата четвртина со 18 поени.


Со овој триумф охридските бели го зачуваа првото место на табелата, а во следната петта рунда ќе се сретнат со екипата на Тетекс.

Мх.П.