Ракометарките на Моби Дик ја забележаа четвртата победа во четвртиот натпревар од Првата женска ракометна лига совладувајќи го Кичево со 31-22 (13-9).
Од самиот старт охриѓанки наметнаа брзо темпо на кое гостински ракометарки немаа одговор. „Китовите“ направија предност од четири разлика која ја одржаа до крајот на првиот дел.
Во вторите триесет минути „китовите“ не само што ја задржаа предноста туку и ја зголемија на десет погодоци и прокнижија нови три бодови на прволигашката табела.
Мх.П.